Македонија со нови два порази на Медитеранските Игри

Младата репрезентација на македонски ракометари претрпе нови два порази на Медитеранските Игри што се одржуваат во Атина, губејќи во дуелите со Тунис и со Хрватска.

„Црвено-жолтите“ најпрвин излегоа на мегдан со Тунис, ја добија првата третина од натпреварот (се експериментира со нови правила) со 7-6, но потоа дозволија противникот да направи целосен пресврт. Тунижаните го добија вториот период со 6-8, Македонија се држеше се до самиот крај, имаше и напад за водство при 17-17, но падот на концентрација во клучните моменти придонесе на крајот Тунис да триумфира со конечни 19-17.

Вториот натпревар против Хрватска заврши со конечни 21-18, откако „коцкестите“ ги добија трите третини со идентични 7-6.

До крајот на групната фаза Македонија треба да се сретне уште со Турција и со Црна Гора, со минимални шанси за пласман во следната рунда.

Се вчитува...