МАКЕДОНИЈА СО ПРВО ЗЛАТО НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ: Матеј Белистојаноски со злато во карате! (ФОТО)

Македонија го освои првиот златен медал на Медитеранските игри 2026 во Таранто, Италија.

Нов медитерански шампион во карате е Матеј Белистојаноски кој го освои златниот медал во кумите во категоријата до 67 килограми.

Белистојаноски во финалето беше убедливо подобар од Хрватот Боран Берак победувајќи го со 6-0, и на тој начин носејќи и го на Македонија првиот златен медал.

Од претходно Македонија има пет медали, два сребрени и три бронзени.

 

Се вчитува...