Шансите Македонија за првпат во историјата да биде домаќин на едно Европско првенство во ракомет за мажи во сениорска конкуренција стануваат сосема реални. Ракометната федерација на Македонија (РФМ), во соработка со федерациите на Србија и Словенија, интензивно работи на финиширање на заедничката кандидатура за организација на ЕП 2034 година.
Информацијата ја потврди првиот човек на српскиот ракомет, Божидар Ѓурковиќ. Тој откри дека по три одржани состаноци е постигнат начелен договор за моделот на шампионатот.
„Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме околу сè. Пред официјално да ја објавиме заедничката кандидатура, потребна ни е согласност. Договорот е Европското првенство да се игра во три држави, во секоја да има по две групи, а Србија да биде домаќин на финалниот викенд“, изјави Ѓурковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
