Македонија со три екипи во АБА 2 и во новата сезона: Познати групите за МЗТ Скопје, ТФТ и Маџари

Mакедонија повторно ќе има три претставниц и во новата сезона во АБА 2 лигата.

Македонија ќе ја претставуваат шампионот МЗТ Скопје, ТФТ Скопје и дебитантот Маџари, а денешната ждрепка одлучи МЗТ Скопје, да биде во групата Ц, со црногорска Сутјеска, српска Слобода Ужице и словенечки Триглав Крањ.

Screenshot

ТФТ ќе се натпреварува во групата Б, заедно со Слобода Тузла, Шенчур, Херцеговац и Подгорица.

Историски настап во регионалното натпреварување ќе има и КК Маџари, кој е во групата А, заедно со Војводина, Борац Бања Лука и Морнар Барско Злато.

Во групата Д се  Златибор, Приморје, Цедевита Јуниор и Баскет Живинице.

Се вчитува...