Македонија со три претставници во женската Лига на Шампиони – Саса против Јувентус

Македонскиот женски фудбал ќе има три претставници во Лигата на Шампионите следната сезона каде покрај нашиот шампион Саса, ќе настапат и репрезентативката Наташа Андоновска која ги брани боите на Леванте и голманката Викторија Донева која го носи дресот на НСА Софија.

Од новата сезона ова натпреварување ќе има и нов формат, а од единаесетте мини турнири, четири екипи по пат на елиминација ќе се борат за место во втората фаза, oвие дуели ќе започнат на 18. август.

Саса за противник од групата 8 ќе го има италијанскиот шампион Јувентус, додека интернационалките Андонова и Донева ќе се сретнат со Селтик, односно украински Харкив.

Се вчитува...