Македонија со тројца боксери на Балканското првенство во Анталија

Македонската боксерска репрезентација во наредните четири дена ќе учествува на Балканското првенство во Анталија, Турција. Репрезентација е во состав, Јасин Љама, Гоце Јанески и Арсим Етеми. Водач и тренер на екипата е Скендер Јахиу.

Љама ќе настапи во категоријата 69 кг, Јанески во 75 кг и Етеми во 81 кг. Овие тројца наши боксери настапија на Европското првенство во Минск.

Покрај тројцата боксери на шампионатот, Македонија ќе има учесник и меѓу судиите. Стефан Цубалевски ќе биде наш претставник кај судиите на Балканското првенство.

Се вчитува...