Македонскиот кик-боксер Глигор Николов го освои златниот медал на јуниорското Светско првенство кое што се одржува во италијанскиот Лидо ди Јесоло.
Во финалето во категоријата лоукик до 67 килограми, Николов славеше против Азербејџанецот Хасан Алеќаров.
Финале обезбеди и Калин Димоски, додека Драгица Глигорова освои бронза откако загуби во полуфиналето од грчката кик-боксерка Евангелија Кициу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
