Македонската репрезентација до 19 години, на квалификацискиот турнир Елитна фаза во Португалија ја оствари првата победа во последниот натпревар. Против Естонија победа на нашите репрезентативци со 2-0, и со три бода сега избраниците на Ерхан Селими се пласираа на третото место на табелата, пред Португалија и Белгија.
Шаботиќ во 20 минута на асистенција на Атанасовски донесе предност за нашата селекција, резултат кој беше и на полувремето.
Во вториот дел, во 65. минута Љатифи по асистенција на Дамјановски зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат од овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

