Македонија во 4. шешир во квалификациите за ЕП 2024!

Благодарение на победата на Грција над Северна Ирска, Македонија ќе биде во 4. шешир за квалификациите за ЕП 2024 година. Грција ја совлада Северна Ирска, а Косово победи над Кипар, па така овие две селекции се пласираа во 5. шешир, а Македонија се „протна“ во четвртиот.

Таму се уште и Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Острови, селекции кои не може да ни се паднат во групата.

Ждрепката е закажана за 9. октомври во Франкфурт.

Се вчитува...