Македонија во силна група на ЕП, на мегдан со непобедливата Данска

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското првенство кое што на почетокот на 2026 година ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.

Денешната ждрепка посака Македонија да се најде во групата Б, која ќе се игра во Хернинг заедно со репрезентациите на домаќинот Данска, Португалија и Романија.

За потсетување само првите две репрезентации ја поминуваат првата фаза и обезбедуваат учество во главната фаза на континенталниот собир. Шампионатот во Скандинавија ќе се игра во периодот од 15. јануари до 1. февруари.

ГРУПА А (ХЕРНИНГ)
Германија, Шпанија, Австрија, Србија

ГРУПА Б (ХЕРНИНГ)
Данска, Португалија, МАКЕДОНИЈА, Романија

ГРУПА Ц (ОСЛО)
Франција, Норвешка, Чешка, Украина

ГРУПА Д (ОСЛО)
Словенија, Фарски Острови, Црна Гора, Швајцарија

ГРУПА Ф (МАЛМЕ)
Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија

ГРУОА Ф (КРИСТИАНШТАД)
Унгарија, Исланд, Полска, Италија

Се вчитува...