Македонија во жешка група на ЕП 2026 – Ќе игра во групата во Клуж!

Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра во групата со бранителот на титулата Норвешка, плус домаќинот Романија и Швајцарија, на Европското првенство 2026, одлучи денешната ждрепка во Катовице, Полска.

Македонија ќе игра во Клуж каде домаќин ќе е Романија, а заедно уште со Норвешка и Швајцарија.

Континенталниот собир ќе се одржи од 3 до 20 декември и за првпат во историјата ќе се одржи во пет земји, Полска (Катовице), Романија (Клуж и Орадеа), Чешка (Брно), Словачка (Братислава) и Турција (Анталија), а ќе учествуваат вкупно 24 репрезентации меѓу кои и Македонија, поделени во шест групи.

КОМПЛЕТНИТЕ ГРУПИ ЗА ЕП 2026

Се вчитува...