Македонија за првпат во историјата со претставник во таеквондо на ЛОИ во Токио 2021

Листата на патници на престојните Олимписки игри во Токио се зголеми откако македонскиот таеквондист, Дејан Георгиевски на европскиот квалификациски турнир за пласман на ОИ во категоријата над 87 килограми кој се одржа во Софија испиша историја откако во финалето славеше над олимпискиот шампион Радик Исаев од Азарбеџан.

Георгиевски патот до Токио го започна со победа над репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Динко Шегетин со 17-9, додека во полуфиналето го совлада Исаев со 13-6.

Македонскиот таеквондист е вториот македонски спортист кој обезбеди олимписка виза по борачот Могамедгаџи Нуров. На овие двајца може да им се приклучи и каратистот Емил Павлов кој допрва треба да настапи на квалификацискиот турнир.

Се вчитува...