Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од десет места на ранг листата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Откако на претходните рангирања на 7. април и 27. мај, „црвено-жолтите“ се наоѓаа на 62. место на листата, сега сме на 72. место.
И покрај тоа што не се прослави на Европското првенство, прва на листата останува Белгија, додека во топ 10 своето место го најдоа и Бразил, Франција, Англија, Италија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД.
Од ривалите со кои се среќавме во квалификациите за Светското првенство 2022 година најдобро рангирана е Германија на 16. место, следи Романија на 45. место, Исланд на 53. место, Ерманија на 88. место и Лихтенштајн на 189. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА