Македонската кик-бокс селекција со 56 медали од Србија, КБК Шампион е најдобар клуб (ФОТО)

Македонската кик-бокс репрезентација се закити со вкупно 56 медали на Интернационалното отворено првенство кое викендов се одржа во Краљево, Србија.

Македонија на шампионатот во Србија партиципираше со 14 клубови притоа освојувајќи 20 златни одликувања, 22 сребрени и 14 бронзени.

Македонската селекција на првенството освои освои пехар за најтрофејна екипа. Најуспешен клуб од македонските е КБК Шампион со освоени шест златни, четири сребрени и две бронзени одликувања.

„Задоволен сум и горд на нашите тренери и нашите натпреварувачи кои покажаа одлични борби и што освоивме голем број на медали. Сето тоа е заслуга поддеднакво на раководството, на сите нас тренери натпреварувачи, поддржувачи и помагачи на нашата Кик Бокс Маи Таи федерација“ – вели првиот човек на Кикбокс Маи Таи федерација на Македонија, Дејан Митровски – Урко.

 

ИЗВЕШТАЈ ПО КЛУБОВИ

1. КБК ШАМПИОН (6 златни, 4 сребрени, 2 бронзени)

2. КБК Тим ЗОРАН – Струмица (4 златни, 4 сребрени)

3. КБК ГЛАДИЈАТОР – Неготино (3 златни медали)

4. КБК ЕРЅИ – Битола (2 златни, 1 сребро, 1 бронза)

5. КБК БУДО – Велес (1 злато, 2 сребра, 4 бронзи)

6. КБК АС – Делчево (1 златен, 2 сребрени, 1 бронзен медал)

7. КБК ЛИДЕР (1 златен, 1 сребрен, 4 бронзени медали)

8. КБК БУДО – Кавадарци (1 злато, 1 бронза)

9. КБК КОМБАТ – Радовиш (1 злато)

10. КБК МАКСАМ ТИМ – Прилеп (2 сребрени, 1 бронза)

11. КБК ГЛАДИЈАТОР – Скопје (2 сребра)

12. КБК КУМАНОВО 2006 – Куманово (2 сребрени медали)

13. КБК САМУРАЈ – Битола (1 сребро)

14. КБК ГЛАДИАТОРИ ФАЈТ – ШТИП (1 сребро)

Се вчитува...