Македонската кикбокс елита во поход на балкански медали – 108 членови на репрезентацијата ќе настапат во Нови Сад!

Викендов во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Балканското кикбокс првенство за сите возрасни категории, во организација на ВАКО – Балкан.

Македонските кикбоксери ќе настапи со репрезентација составена од натпреварувачи, тренери, судии и службени лица од 21 клуб од државата.

Македонската репрезентација ќе ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, кој воедно ја извршува и функцијата претседател на ВАКО Балканската федерација.

Во составот на репрезентацијата се вклучени претставници од следните клубови:

– Шампион – Скопје (16)
– Енерџи – Битола (8)
– Гладијатор фајт– Штип (3)
– Патриот – К.Паланка (5)
– Аждер – Гевгелија (3)
– Куманово 2006 – Куманово (3)
– Будо – Кавадарци (8)
– Предатор – Куманово (3)
– Самурај – Битола (5)
– Арена – Струмица (2)
– Гладијатор – Скопје (7)
– Про Кик Фемили – Скопје (8)
– Феникс – Росоман (5)
– Наско тим – Скопје (3)
– Зоран Тим – Струмица (1)
– Лидер – Виница (4)
– Ронин – Прилеп (4)
– Адреналин – Радовиш (2)
– Комбат – Радовиш (1)
– Адора – Скопје (4)
– Бобан Илиоски – Скопје (5)

Репрезентацијата брои вкупно 108 учесници, од кои:

– 4 судии
– 18 тренери
– 86 натпреварувачи

Во рамки на репрезентацијата ќе настапат кадети, јуниори и сениори во дисциплините на татами и ринг, во машка и женска конкуренција.

Претседателот на федерацијата, Дејан Митровски – Урко, пред заминувањето за Нови Сад изјави дека очекува успешен настап и голем број медали од македонските натпреварувачи.

„Очекуваме многу медали и достојно претставување на Македонија. На сите наши борци им посакувам успех, добри борби и добри ждребови. Верувам во нивниот квалитет, подготвеност и борбен дух“, изјави Митровски.

Настапот на Балканското првенство претставува продолжение на континуираните активности на федерацијата за афирмација на македонскиот кикбокс на меѓународна сцена, како и можност за стекнување меѓународно искуство, спортска афирмација и остварување врвни резултати.

Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија на ова значајно регионално натпреварување најголемиот дел од трошоците ги покрива самостојно, но вредно е да се напомене дека овојпат во реализацијата симболично ни помогна и Министерството за спорт.

Од репрезентацијата се очекува достојно претставување на Македонија и борба за највисок пласман во повеќе возрасни и тежински категории.

Се вчитува...