Македонската кикбокс репрезентација од денеска на Европскиот јуниорски шампионат во Црна Гора (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонската Кикбокс Маитаи федерација предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко отпатува за Црна Гора каде ќе учествува на Европското јуниорско ВАКО првенство кое ќе се одржува од денеска па до 14. ноември во Будва.

Македонија на европскиот шампионат ќе ја претставуваат шест кикбоксери: Исмаил Туркер во дисциплината Кик лајт до 47 килограми, Миа Тодорова во К1 до 65 килограми, Олгица Орешкова во Лајт кик до 48 килограми, Горјан Ристовски во К1 до 71 килограм и Силвио Мировски во К1 до 57 килограми.

Се вчитува...