Македонската кошарка и се е можно: Кошаркар на Вардар ем тепан, ем суспендиран, плус ќе плати 25.000 денари за изеден ќотек

Кога е мак-кошарката во прашање, се е возможно, но Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ се надмина и себе си со толкувањето и пресудата за големиот инцидент на второлигашкото дерби во Чаир, кога кошаркарот на Вардар, Милорад Миновски беше удрен во главата од член на управата на домашниот тим Чаир 2030.

Милојевиќ во донесената одлука пренесена во најновиот билтен донесе трагикомична одлука, тепаниот кошаркар да плати 25.000 денари, но и да биде суспендиран на еден натпревар. Наспроти него, оној што го удри Миновски, службениот преттавник Љиверка е казнет со само два меча суспензија и 50.000 денари парична казна.

„По завршување на натпреварот кога играчите се поздравуваа во близина на записничката маса настанала мешаница меѓу службениот претставник на КК Чаир 2030 Љиверка М. и играчот на КК Вардар Миновски М. Најпрвин имало вербален дуел меѓу двајцата и за кусо биле раздвоениод страна на домашниот тренер Рамадан Е. и еден домашен играч. Вербалниот дуел продолжи, по што тех. раководител Љиверка М. замавнал со рака и го поткачил во главата од лева страна кај слепоочницата играчот на КК Вардар Миновски М. Потоа останатите играчи од двата тима и членови на управата на КК Чаир 2030 реагираа да се смири ситуацијата. Неколку секунди потоа од страна на публиката било фрлено и пластично шише кон клупата на КК Вардар. Во два наврати од страна на публиката биле фрлени шишиња кон гостинската екипа. Без забелешки од страна на обете екипи и службените лица“, стои во делегатскиот записник.

Како  врз основа на ова, Милојевиќ носи одлука за остра санкција на тепаниот играч и само два меча суспензија за тепачот Љиверка, тоа го знае само комесарот за натпреварување.

Очигледно, за Александар Милојевиќ да се биде удрен и да удираш, разликата и не е толку голема… а комесарот очигледно не е свесен дека со ваквата смешна одлука отвора врата за уште поголеми инциденти кои потоа би ги толкувал на сличен начин.

Се вчитува...