Голем инцидент: Кошаркар на Вардар удрен од член на управата на Чаир (видео)

Чаир убедливо го совлада Вардар со 107-87 во рамките од Втората кошаркарска лига, но дуелот го одбележа голем инцидент по самиот крај, откако еден гостински кошаркар беше нападнат од член на управата на чаирчани.

Инцидентот се случи по завршницата, додека кошаркарите се поздравуваа еден со друг, но гостинскиот играч Милорад Миновски го извлече подебелиот крај и заврши на паркетот. Страстите на крајот се смирија за да не дојде до масовна тепачка, а интересно е што официјалното видео на натпреварот овој инцидент не е забележан бидејќи видеото завршува само неколку секунди пред да дојде до тепачката.

Чаир 2030 по 21. одигран натпревар има само еден пораз и ќе има предност од домашен терен во разигрувањето за пласман во „елитата“ на македонската кошарка, додека последното коло ќе ни донесе интересна битка за втората позиција помеѓу Вардар, Борец Баскет и Соколи кои се со скор од 14. победи и 7. порази.

Се вчитува...