Македонската репрезентативка Јована Мицевска својата кариера ја продолжува во редовите на Црвена Звезда.
Како што пренесуваат медиумите од северниот сосд, актуелниот шампион на Србија го засилува ростерот како би се изборил за место оваа сезона во групната фаза на ЕХФ Европска лига.
24-годишната голманка со ова се враќа на ракометните терени по неколкумесечна пауза. Таа пролетва стана мајка, а сега повторно се враќа на ракометните терени.
Претходно во кариерата бранеше за Вардар, потоа за Ница, а последен ангажман и беше во романска Слатина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
