Македонската репрезентација “летна” за Букурешт: И со Адеми во Романија

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Романија, каде утре ќе ги отвори квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. И покрај повредата за Букурешт отпатува и Аријан Адеми за кој дополнително ќе биде утврдено од лекарскиот тим дали ќе биде подготвен за предизвикот. На последните тестирања сите фудбалери се негативни, што значи дека селекторот Ангеловски нема да има проблеми при составување на тимот.

Репрезентативците денеска од 18 часот ќе го одработат единствениот тренинг на националната арена во Букурешт, додека натпреварот со кој ќе се отворат мундијалските квалификации е закажан за утре со почеток во 20:45 часот.

Се вчитува...