Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на ЕП за сениори, јуниори и кадети во Софија

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети и 8. ЕТКФ Европски куп за деца, кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Софија, Бугарија.

Македонската репрезентација е составена од 30 натпреварувачи, кои ќе настапат во сите возрасни категории.

Репрезентацијата ќе ја предводат тренерите Дејан Недев и Аљоша Недев, кои воедно ќе ја извршуваат и функцијата на судии на натпреварите.

Во сабота на програмата се натпреварите за деца, додека во недела ќе настапат сениорите, јуниорите и кадетите.

Европското првенство ќе се одржи во Овергас Арена во Софија.

Се вчитува...