Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија

Mакедонските каратисти остварија извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, кој се одржа во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија.

Македонската репрезентација освои вкупно 58 медали, од кои 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што го освои првото место во генералниот пласман.

Второто место и припадна на Турција, а третото на домаќинот – Бугарија.

Особено се истакнаа Филип Недев, Тадеј Недев, Мартина Зафировска, Михаил Стојановски, Мила Владев, Георги Кокорманов, Драган Стојановски и Александар Зафировски, кои освоија по неколку златни медали и дадоа значаен придонес за овој голем успех на македонската репрезентација.

Денес продолжуваат натпреварите од Европското првенство за сениори, јуниори и кадети, на кои ќе настапат и македонските репрезентативци.

Се вчитува...