Македонската трибина веќе распеана на „Ренцо Барбера“ наспроти 35.000 „загреани“ Италијанци (ФОТО)

Македонските навивачи веќе распеани на „Ренцо Барбера“ пред историскиот натпревар со Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

Околу 1.500 македонски фанови ќе го бодрат избраниците на Благоја Милевски во обидот да дојдат до посакувано изненадување против актуелниот европски шампион.

Иако и тоа како ќе имаат тешка задача против окоу 35.000 повеќе од загреани Сицилијанци, кои важат за едни од најжестоките тифоси во Италија.

Се вчитува...