Македонски фанови со поддршка за Венгер на „Емирати“: 20 години, ти благодариме!

Македонските фанови кои навиваат за англискиот премиерлигаш Арсенал вчера беа на „Емирати“ и го следеа мечот од Премиер – лигата против Манчестер сити (2-2), а му изразија и поддршка на менаџерот Арсен Венгер за негово понатамошно останување во клубот. Иако најголемиот дел од симпатизерите на „топчиите“ сметаат дека Французинот треба да си замине, сепак, македонскиот клуб на симпатизери на Арсенал има сосема поинаков став.

Македонските „топчии“ го истакнаа и транспарентот „20 години, ти благодариме!“, наменет за периодот од две децении, колку што Арсен Венгер е на клупата на Арсенал.

Се вчитува...