Македонски навивачки ривалитет меѓу Баерн и Реал во Минхен (ФОТО)

Уште една огромна фудбалска пресметка, по онаа синоќешната меѓу Јувентус и Барселона, ја очекува Европа – вечерва во Минхен. Баерн и Реал Мадрид на мегдан во првата четвртфинална средба од Лигата на шампионите.

Сето тоа е сериозен магнет и за бројни навивачи на двата клуба од Македонија.

navivaci real

navivaci od makedonija na baern

Во Минхен вечерва ќе бидат и членовите на македонскиот фан клуб на Реал Мадрид, и тоа како гости на Кире Андонов од Кочани, Македонец кој долги години живее во Германија и е носител на македонското навивачко движење во поддршка на Баерн Минхен.

baern navivacОгромен е ривалитетот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид на терен…. Неизбежно ќе биде и меѓу македонските навивачи, и од двата табори, вечерва на трибините во Минхен… Но, како што велат, само за време на натпреварот. А, се до тогаш ќе има и тоа како заедничка дружба меѓу македонските „баернисти“ и македонските „мадридисти“…

И од двете страни, најавуваат дека слично вакво заедничко патување ќе има и на реванш пресметката меѓу двата тима, на 18. април во Мадрид.

Се вчитува...