Македонски репрезентативец ќе игра за Асвел во Евролигата

Асвел продолжува да се екипира за наредната сезона, а францускиот клуб денеска се пофали со нов потпис, и тоа на новопечен репрезентативец на Македонија.

Нејт Сестина и официјално стана нов член на клубот што ќе го води легендарниот Тони Паркер, откако крилниот кошаркар потпиша двогодишен договор со Асвел.

Американецот пред две години ги бранеше боите на Фенербахче, минатата сезона беше член на Олимпија Милано со која стигна до двојна круна во италијанската кошарка, но незгодната повреда на рамото се одрази на минутажата што ја имаше во својот клуб.

Сестина минатата година доби македонски пасош, поради повреда отсуствуваше неколку месеци од терените, а своето деби за нашата репрезентација го имаше летово, во победата на гостински терен над Луксембург.

Се вчитува...