Македонскиот мотокрос шампион Тодоров во иднина ќе вози за „Ендуро тим Водно“ (ФОТО)

Еден од најперспективните млади македонски мотокрос возачи во класата MX Јуниор, Огнен Тодоров од Битола оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Ендуро тим Водно“ од Скопје.

Огнен Тодоров е млад возач а веќе шампион во својата класа МХ Јуниор.

Во просториите на клубот беше потпишан договорот со кој Тодоров ја официјализираше соработката со „Ендуро Тим Водно“.

Како што најавија од клубот во наредниот период приоритет и цел ке им бидат млади возачи за кои ке се потрудат да им обезбедат подобри услови за исполнување на нивните цели.

Се вчитува...