Македонските едриличари на 54. Балканско првенство во Волос, Грција (ФОТО)

Македонската едриличарска репрезентација викендов учествуваше на 54. Балканско првенство во едрење кое се одржуваше во Волос, Грција.

Во конкуренција на околу 170 едриличари од Грција, Турција, Србија, Црна Гора, Романија, Бугарија и Молдавија, Македонија беше претставувана од вкупно 14 едриличари во три класи, Оптимист, Илка 4 и Илка 6.

Во класата Оптимист, македонската репрезентација беше претставувана од Максим Стојковски, Калина Николовска, Бора Поповска, Петар Филоски и Атина Стојковска од клубот „Акватика Јахтинг“ од Охрид, како и од Томче Златески, Горјан Негриески и Сара Милеска од ЕК „Снегар“ од Струга. Во класата Илка 4 настапија Лина Пашоска и Мила Булатовиќ од „Акватика Јахтинг“ од Охрид, како и Стефан Баракоски и Берак Шашко од ЕК „Снегар“ од Струга, и во класата Илка 6 учествуваа двајцата едриличари на ЕК „Снегар“, Марко Милески и Андреја Кавај.

Од македонските натпреварувачи, во класата Оптимист најдобар меѓу момчињата беше Томе Златески а во женска конкуренција – Калина Николовска.

Во Илка 4 од македонските едриличари најдобар беше Стефан Баракоски, а во женска конкуренција се издвои Лина Пашоска.

Во класата Илка 6, Марко Милески го освои 17. место во генерален пласман во конкуренција на 27 едриличари.

Се вчитува...