Македонските фанови никогаш поблиску до ЕП – За Букурешт не треба ниту ПЦР-тест, ниту вакцина!

Македонските навивачи кои ќе патуваат за Романија на Европското првенство на кое ќе дебитира македонската фудбалска репрезентација ќе може без проблем да влезат во оваа земја, зашто нема да бидат потребни ни негативен ПЦР-тест, ниту доказ за вакцина. Романскиот институт за јавно здравје од 21 мај на својата последна ажурирана листа, ја смести Македонија во „зелената зона“.

Денеска од Романија дошла информација во ФФМ дека порати тоа што Македонија се нашла на „зелената листа“ поради малиот број на позитивни случаи на дневна и двонеделна инциденцана 100.000 жители, за македонските граѓани се укинува задолжителниот документ од ПЦР-тест не постар од 72 часа или доказ за вакцина од признаените вакцини од Европската агенција за лекови.

Ова е најдобра вест за навивачите на Македонија кои сега ќе се спасат од тестирање и дополнителен финансиски трошок за да може да одат да ја гледаат националната селекција на своето деби на големата сцена.

Македонија во Букурешт ќе игра два меча, со Австрија на 13 јуни, а со Украина на 17 јуни.

Се вчитува...