Македонските кадети отпатуваа за Грузија

По триумфот на младинците на ЕХФ шампионатот во Скопје, сега пред нов предизвик се и македонските ракометни кадети. Машката кадетска репрезентација на Македонија утрово отпатува за Тбилиси, Грузија каде од утре до 19 август ќе настапи на ЕХФ шампионатот (У18).

Селекторот Данило Брестовац во составот одбра по пет ракометари од Металург и од Вардар, двајца од КЛ-7 и по еден од Еурофарм Рабитник, Струга, Прилеп и Борец. Дел од ракометарите што се во кадетската репрезентација, беа и во младинскиот состав и веќе имаа репрезентативно искуство и се во натпреврувачи ритам.

На ЕХФ шампионатот во Грузија, Македонија ќе игра во групата А со селекциите на Швајцарија, Фарски Острови, Естонија, Литванија и Луксембург. Во Групата Б се селекциите на Белорусија, Италија, Финскја, Грузија и Грција. Првите две репрезентации од груите обезбедуваат пласман во полуфиналето, а победникот ќе игра на следното кадетско ЕП.

Во првиот натпревар, утре, македонските кадети ќе играат против слеекцијата на Литванија.

Состав на македонската репрезентација– голмани: Марко Кизиќ, Виктор Василевски, леви крила: Дарко Кондев, Марко Божиновски, леви бекови: Теодор Тодески, Игор Ѓоргиев, средни бекови: Мартин Карапалески, Бобан Каковски, Дејан Џигероски, десни бекови: Мартин Серафимов, десни крила: Ален Ќосевски, Ненад Костески, пикери: Кристијан Симоноски, Кристијан Анѓелковски, Андреј Митиќ.

Се вчитува...