Од денеска па до 27. август во Валона, Албанија ќе се одржи меѓународниот карате турнир и семинар “ВАЛОНА 2021” на кој ќе учествуваат каратисти од повеќе балкански земји.
Меѓу партиципиентите од Албанија, Косово, Србија, Романија и БиХ ќе биде и македонската репрезентација во традиционално карате. Семинарот, пак, ќе го водат и истакнати балкански карате инструктори предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви.
Овој турнир и семинар во традиционално карате е подготвителен пред престојниот ЕТКФ европски шампионат кој од 22. до 24. октомври 2021 година ќе се одржи во Белград, Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА