Македонските каратисти на семинар во Коринт со светската карате легенда Масао Кавазое

Викендов во Коринт, Грција, македонските претставници во традиционалното карате учествуваа на голем меѓународен карате семинар предводен од светската карате легенда Масао Кавазое (10 Дан).

Масао Кавазое е еден од најистакнатите инструктори на традиционалното карате во светот и долгогодишен ученик на Хидетака Нишијама, основач на Меѓународната традиционална карате федерација (ITKF) и втемелувач на современото традиционално карате.

Македонија на овој престижен семинар ја претставуваа Венцислав Недев, Дејан Недев, Камелија Недев, Матеј Јарчевски, Тадеј Недев и Софија Јарчевска.

За време на семинарот беа презентирани и обработени бројни техники, методи и принципи кои се карактеристични исклучиво за традиционалното карате. Учесниците имаа можност директно да учат од еден од најголемите авторитети во оваа боречка вештина, стекнувајќи нови знаења и искуства кои ќе придонесат за понатамошен развој на традиционалното карате во Македонија.

Се вчитува...