Македонските кикбоксери се враќаат со уште еден извонреден успех од Европскиот куп „Балкан Опен 2025“ кој викендов се одржа во Тешањ, Босна и Херцеговина.
Најдобрите кикбоксери од Македонија се наоѓаат на врвот на меѓународната сцена и се најмасовен и најтрофеен спорт во нашата земја освојувајќи вкупно 20 медали, од кои 9 златни, 6 сребрени и 5 бронзени „Балкан опен 2025“.
Нокаутерите на ова првенство кои се издвоија од останатите учесници на првенството во ринг-дисциплините се Максим Митровски, Лука Кипровски и Силвио Мировски, сите тројца добивајќи ги своите борби со нокаути во вторите рунди. Петре Велков ја продолжува успешната серија на златни медали. А, меѓу младите надежи треба да се истакне Милан Нешковски кој во рингот извојува три победи со резултати од сите борби со 3-0 и е нов најголем потенцијал меѓу младите спортисти.

На татами дисциплините добри борби прикажаа и Јован Јанковски, Љупче Атанасов, Дамјана Пеовска и Рахим Вејсиловиќ, кои испратија порака дека може да се смета на нив.

Кикбокс клубот Шампион, каде тренер е Дејан Митровски – Урко, го освои пехарот и е прогласен за најдобар клуб на првенството во ринг-дисциплините со четири медали – три златни и еден сребрен.
„Со овие факти, без разлика дали некој сака да признае или не, опструира и не гуши, повторно тврдам дека кикбоксот е наш национален спорт број еден, со кој сите ние треба да се гордееме“ – изјави претседателот на Македонската кикбокс маитаи федерација, Дејан Митровски – Урко, кој воедно го предводи и кикбоксот на Балканот како претседател на Балканската кикбокс федерација со што и на Балканот по неговото именување го издигна кикбоксот на завидно ниво.

ОСВОЈУВАЧИ НА МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА
ЗЛАТНИ МЕДАЛИ
– Максим Митросвки -75 кг сениори, К1, кбк Шампион
– Лука Кипровски -91 кг сениори, К1, кбк Шампион
– Милан Нешевски -75кг, постари јуниори, лоу кик, кбк Шампион
– Петре Велков -67 кг сениори, К1, кбк арена
– Силвио Мировски -71 кг сениори, лоу кик, кбк Гладијатор Скопје
– Љупче Атанасов -57 кг, јуниори, кик лајт, Будо Кавадарци
– Рахим Вејсиловиќ -42 кг помлади кадети, лајт контакт, Будо Велес
– Јован Јанковски -47 кг постари кадети, кик лајт, Гладијатор фајт
– Дамјана Пеовска -70 кг сениори, кик лајт, Самурај

СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ
– Кристина Спиркоска -56 кг сениори, лоу кик, Шампион
– Димитар Илиевски -42 кг помлади кадети, лајт контакт, Будо Велес
– Мартина Настова -70 кг сениори, лајт контакт, Будо Велес
– Мартина Настова -70 кг сениори, кик лајт, Будо Велес
– Димитар Давитковски –54 кг, помлади јуниори, лоу кик, Предатор
– Тео Камчев -63 кг, јуниори, кик лајт, Будо Кавадарци

БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ
– Димитар Илиевски -42 кг помлади кадети, поинт фајт, Будо Велес
– Данило Методиевски -71 кг постари јуниори, лоу кик, Предатор
– Дарко Димитриев -71 кг сениори, лоу кик, Будо Кавадарци
– Антонија Тасева -60 кг постари кадети, кик лјат, Гладијатор фајт
– Петар Станковски -75 кг, постари јуниори, лоу кик, Предатор
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

