Македонските кикбоксери со четири златни и едно сребро од 31. Светски куп во Будимпешта (ФОТО)

Македонските кикбоксери се враќаат со одличен успех од 31от Светски кикбокс куп 2026 во Будимпешта, Унгарија, со освени четири златни и еден бронзен медал.

Во конкуренција на 2011 натпреварувачи во 3012 влеза од 47 земји учеснички, Македонија забележа одличен успех ако се знае дека станува збор за еден од најквалитетните и највисоко рангирани кикбокс турнири во Европа, со долгогодишна традиција, на кој секоја година настапуваат голем број квалитетни натпреварувачи од различни земји.

Со златни медали се закитија Пепи Велков, Андреј Смилевски, Калин Бабоски и Туркер Исмаил, додека сребрен медал освои Радослав Велески.

„Сакам да потенцирам дека од овие силни меѓународни првенства, како и секогаш, и сега носиме медали повеќе од пола од бројот на натпреварувачи со кои настапуваме. Од 7 натпреварувачи носиме 5 медали. Најважното од се е дека никој од натпреварувачите не се здоби со некоја посериозна повреда. Задоволен сум и очекувани се победите на сите полуфиналисти и финалисти. Сакам да кажам дека овие млади натпреварувачи и уште десетина останати натпреварувачи кои поради повреди беа спречени да настапат на овој светски куп се новите звезди во македонскиот кикбокс. Оној кој тренира редовно, се оградува од неспортскиот живот и си има зададено цел да успее, за него резултатите се неизбежни. Ова е последното контролно првенство оваа година, сега ни останув да дојдеме до максимум злата на престојното Светско јуниорско првенство од 18 до 27 септември каде нашата кикбокс репрезентација ќе настапи со рекорден број на натпреварувачи, дури 18 и тројца тренери“ – вели првиот човек на македонскиот кикбокс, Дејан Митровски – Урко, притоа дополнувајќи:

 

Елена Костадиновска

„После тоа доаѓа најважниот настан за нас годинава а тоа е Европското сениорско првенство кое ќе се одржи во Македонија во Скопје од 06 до 15 ноември. Нашата концентрација преку целата година е посветена на овие две првенства каде треба да го дадеме нашиот максимум и како натпреварувачи и како тренери со стручниот тим и како земја домаќин на Европското првенство. Се гордеам со остварените резултати од моите натпреварувачи заедно со нивните тренери, со кои повторно докажавме дека кикбоксот е национален спорт број еден во нашата земја“.

На 31. Светски куп во Будимпешта дел од судиите беше и нашата интернационална судијка Елена Костадиновска.

 

Се вчитува...