Македонските кикбоксери со две победи со прекин на Илиоски и Ѓоргиев на вториот ден од Светското првенство (ФОТО)

Искусните македонски кикбоксери Димитар Ѓоргиев и Бобан Илиоски запишаа победи со прекин на вториот ден од натпреварите на Светското првенство во кикбокс кое се одржува во Италија.

Ѓорѓиев во втората рунда од натпреварите извојува победа над Дахно Давид од Брегот на слоновата коска, додека Бобан Илиоски славеше со прекин против Ардијан Бартл од Чешка.

Ѓорѓиев и Илиоски, како и Викторија Варадинова, ќе се борат за бронзен медал на светскиот шампионат.

Од останатите македонски претставници, Марко Тодоров најпрво запиша победа над Јалиби Бадр од Израел, но потоа загуби од Тиаго Сантош од Португалија, Стефан Михајловски загуби од Германецот Јаспер, а Филип Ризов од Турчинот Али Гурбазчан.

Се вчитува...