Изминатиов викенд во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа меѓународнио кикбокс куп “ВАКО Гранд ПРИ Сараево 2026”, на кој учествуваа вкупно 324 натпреварувачи од 65 клубови од 8 држави, од каде нашите кикбоксери донесоа пет злата, шест сребра што уште еднаш го потврди значењето и квалитетот на овој меѓународен настан.
Македонските натпреварувачи остварија одлични резултати и достојно ја претставија нашата држава, освојувајќи повеќе медали во силна меѓународна конкуренција.
Учествуваа само три македонски клибови, поради набиената меѓународна агенда и фактот во само еден месец ова е трет меѓународен натпревар на кој учествуваат македонските кикбоксери.
Во составот на КБК Гладиатор Фајт – Штип, најуспешни беа:
• Антонија Тасева – златен медал во кик лајт (-65 кг)
• Леонтина Миткова – златен медал во кик лајт (-65 кг)
• Максим Иванов – златен медал, како најмлад член на клубот
• Антонија Тасева – сребрен медал во категоријата -60 кг кик лајт
• Петра Долдурова – сребрен медал во категоријата -65 кг кик лајт
Успешен настап забележа и КБК Наско Тим – Скопје од чии редови освојувачи на медали се натпреварувачите:
• Јетмир Фетаи – златен медал
• Ибрахим Салиу – сребрен медал
• Дриљон Шабани – сребрен медал
Со одлични резултати се претстави и Тим Зоран – Струмица:
• Милена Стојанова – златен медал во кик лајт до 42 кг
• Јулијана Ристова – сребрен медал во кик лајт до 46 кг
• Крсте Трајковски – сребрен медал во лоу кик до 86 кг
„Остварените резултати претставуваат уште една потврда за континуираниот напредок на македонскиот кикбокс и квалитетната работа на клубовите и тренерите, кои преку својата посветеност создаваат нови генерации успешни спортисти. Настапот во Сараево и постигнатите резултати се продолжување на континуираниот успех на македонскиот кикбокс на меѓународните натпревари и дополнителен мотив за уште поголеми успеси во иднина. Честитки до сите натпреварувачи, тренери и клубови за успешното претставување на Македонија“ – истакна претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






