Македонските кикбоксери викендов на престижниот ВАКО Светски куп во Унгарија

Викендов македонските кикбоксери ќе настапат на 31. Светски кикбокс куп 2026, кој ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија.

Вкупно 11 кикбоксери повторно со сопствени средства од четири кикбокс клубови (КБК Шампион Скопје, КБК Адора Скопје, КБК Ронин Прилеп и КБК Арена Струмица) во придружба на своите тренери отпатуваа во желба за нови медали на светската сцена.

Македонија ќе има свој претставник и во судискиот дел од натпреварувањето – Елена Неделковска, нашата најдобра и најреномирана македонска меѓународна судијка, ќе биде дел од судискиот тим на турнирот.

Станува збор за еден од најквалитетните и највисоко рангирани кикбокс турнири во Европа, со долгогодишна традиција, на кој секоја година настапуваат голем број квалитетни натпреварувачи од различни земји.

Во сениорска конкуренција ќе се натпреваруваат: Бабоски Калин, Туркер Исмаил, Смилевски Андреј, Степанулески Емил, Талески Леонид, Велески Радослав и Велков Петре, додека кај деца и младинци: Чавков Митко, Илиев Александар, Колев Христијан и Колев Лука.

Се вчитува...