Македонските одбојкари поразени од Романија

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Романија со 3:0 (25:17, 25:20, 25:22) во првиот од двата пријателски натпревара предвидени за викендов во Крајова.

Селекторот Никола Матијашевиќ натпреварот го почна со најискусните во составот, потоа им даде шанса и на помладите. Низ текот на мечот играта на македонскиот состав се подобрувше, но сепак нашиот тим не успеа да освои сет.

Во договор на селекторите, имаше и четврти сет, а и во него Романците беа подобри со 25:17. Втората половина од двомечот е утре, по што македонскиот состав ќе се врати во Скопје и ќе ги продолжи подготовките за дебитантскиот настап на европските првенства, во септември во Љубљана.

Се вчитува...