Македонските одбојкарки и со втор убедлив пораз во Европската лига 2026

Македонската женска одбојкарска репрезентација доживеа и втор убедлив пораз во Европската лига 2026, денеска на турнирот во Порто, овој пат од селкцијата на домаќинот Португалија со 3-0 (25-16, 25-16, 25-11).

Македонија не успеа да парира на домаќинот добивајќи само максимални 16 поени во првите два сета, а третиот сет беше чиста формалност за Португалија.

Терзиевска и Ковачевиќ реализираа по пет поени за Македонија, додека кај Португалија најефикасна беше Гарсез со 14 поени.

Македонските девојки сега се селат за Шпанија, каде следниот викенд на вториот турнир од Европската лига 2026 во Аликанте ќе играат со домаќинот Шпанија, како и со селекцијата на Азербејџан.

Се вчитува...