Македонските олимпијци пристигнаа во Пекинг, сите се негативни на Ковид-19 и подготвени за ЗОИ 2022

Македонската делегација утринава пристигна во Пекинг за претстојните Олимписки игри. Нашата земја ќе биде претставувана од тројца спортисти на собирот на најдобрите светски учесници.

По направените редовни тестови за Ковид-19, нашите репрезентативци и нивните тренери денеска се сместени во хотел. Сите се негативни на ковид-19, а според строгите протоколи на Интернационалниот олмиписки комитет, спортистите ќе бидат тестирани секојдневно додека трае нивниот престој во Пекинг.

Инаку, отворањето на Игрите според предвидената програма е закажано во петок на 4.февруари. Прва во Пекинг ќе настапи Ана Цветановска на 5-ти и 10-ти февруари и ќе се натпреварува во крос кантри во дисциплините 7,5 км слободно, плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично.

Во крос кантри ќе настапи и Ставре Јада и тоа во две дисциплини, спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно на 8. и 19.февруари. Во алпско скијање наш претставник е Дардан Дехари, кој ќе се натпреварува во слалом и велеслалом на 13. и 16.февруари.

Се вчитува...