Македонските ракометарки со убедлива победа над Сенегал го стартуваа Светското кадетско првенство

Женската кадетската репрезентација на Македонија со убедлива победа над Сенегал од 32-13 (17-7) го стартуваше учеството на Светското првенство кое се одржува во Скопје.

Во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје младите македонски ракометарки сосема очекувано целосно доминираа против Сенегалките кои доцна попладнево допатуваа во Македонија, поради проблемите со летови, па без малку директно од авион се појавија на терен.

Уште во првото полувреме беше јасно кој е кој на паркетот. Во брза игра Македонките се стекнаа со предност од десет гола разлика која во второто полувреме само рутински се одржуваше и зголемуваше за конечна победа од 32-13.

Најефикасни во македонската селекција беа Емилијана Ризоска, Бојана Коцева, Теодора Дукоска и Борјана Коцева со по пет постигнати погодоци.

МАКЕДОНИЈА – СЕНЕГАЛ 32-13 (17-7)

Македонија: Чурлиновска, Јовановска, Велкова, Нестороска 2, Стефаноска 2, Колоска, Јанкуловска 2, Дукоска 5, Борјана Коцева 5, Пешиќ 2, Равојска 2, Богоеска, Ризоска 5, Далипоска 1, Бојана Коцева, Младеновска

Се вчитува...