Македонските репрезентативци на хокеј-дуел со Лукашенко

Пет македонски репрезентативци во хокеј на мраз се дел од Претседателскиот Божиќен Куп што традиционално се одржува во Белорусија. Јуре Внук, Ферхат Тозунлер и Тарик Гоцмен настапуваат за тимот на Обединет Балкан, додека Александар Петров и Јуре Стопар го носат дресот на тимот на Обединетите Арапски Емирати.

Екипата на Обединет Балкан го загуби вчерашниот премиерен меч на овој турнир од селекцијата на Швајцарија со убедливи 13-2, а еден од погодоците на поразениот тим беше дело на Јуре Внук, македонски селектор и репрезентативец.

Македонските репрезентативци денеска ќе одиграат натпревар против националната селекција на Белорусија, во чии редови ќе настапи и претседателот на оваа држава, Александар Лукашенко.

Се вчитува...