Македонските репрезентативци отпатуваа за Лихтенштајн (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација утрово со чартер лет од скопскиот аеродром отпатува за Лихтенштајн каде утре од 20:45 часот на „Рајнпарк стадионот“ во Вадуз го игра петтиот квалификациски натпревар за пласман на СП 2018 во Русија.

Избраниците на Игор Ангеловски патуваат до швајцарски Цирих, од каде ќе следи трансферот до Вадуз за каде вечерва е планиран и официјалниот тренинг во очекување на утрешната средба.

reprezentativci 4

Без никаква олеснителна околност, македонската јавност очекува единствено победа од настапот на нашиот национален тим против најслабата репрезентација во нашата квалификациска група. Во таа насока се и размислувањата на репрезентативци кои веруваат дека може да се дојде до првите три бода во квалификациите.

babunski david

reprezentativci 2

„Нема што да објаснуваме премногу. Овој пат мора да дојдеме до победата. Не дека немаме негативни искуства од минатото и со Лихтенштајн, но сега мора безусловно да дојдеме до триумфот“ – ни прокоментира најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, пред заминувањето за Лихтенштајн.

reprezentativci 3

Се вчитува...