Македонските репрезентација во традиционално карате со 30 медали од турнирот во Крушевац (ФОТО)

Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 30 медали од кои 14 златни, 10 сребрени и 4 бронзени медали на Меѓународниот карате турнир во Крушевац, Србија.

Камелија Недев беше најуспешна со освоени четири златни медали во кати, енбу, ката тим и џиу кумите тим и една бронзена во џиу кумите во категорија деца до 10 години.

Мила Младеновска во јуниорска конкуренција освои три златни медали во кого-кумите, фукуго и ката тим. Филип Недев освои две златни, две сребрени и една бронзена, Софија Јарчевска освои две златни и три бронзени медали, Матеј Мангаровски освои три златни и една бронзена и Георги Кокорманов освои три златни, две сребрени и една бронзена.

Исто така и останатите македонски натпреварувачи беа доста успешни, Мариастела Топалоска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Максим Поп Трпев, Срна Вапски, Ива Спасеновска, Марија и Ана Ѓуриќ и Марко Илиевски освоија повеќе медали во поединечна и екипна конкуренција.

На меѓународниот турнир во Крушевац учествуваа над 600 напреварувачи од 5 држави.

Се вчитува...