Македонската шаховска репрезентација е на делба на 55. место по седум одиграни кола на Шаховската Олимпијадата во Самарканд, Узбекистан!
Македонија, досега има четири победи и три порази, и со осум бода е на делба на 55. место меѓу 150 земји учеснички.
Во последните два натпревари, македонската селекција најпрво го победи Либан убедливо со 4-0, а синоќа загуби од високорангираната селекција на Израел со 1-3.
Женската шаховска репрезентација, исто така со четири победи и три порази, е на делба на 50. место во конкуренција на 150 национални тимови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
