Македонските таеквондисти со медали се вратија од Атина

Младите македонски таеквондисти продолжуваат да остваруваат успех и на интернациналната сцена. На Европско пионерско првенство кое се одржа во Атина беа освоени два медали.

Давид Петковски освои бронзен медал во категоријата за машки пионери до 36 килограми совладувајќи ги Толис Константинос од Грција со 2-1, Лимаренко Богдан од Полска со 2-0, Флоудас Димитиос од Грција во осминафиналето со 2-0, како и Роидис Ѓоргиос од Грција со 2-0 во четвртфиналето па претрпе пораз во полуфиналето од Шабазов Умуд од Азербејџан со 2-0.

Бојана Велковска пак освои бронза во апсолутна категорија. Во полуфиналето загуби 2-1 во рунди од натпреварувачката која стана европски првак — првата рунда ја доби убедливо, а следните две ги загуби за нијанса.

Се вчитува...