Македонските тенисерки го освоија 4. место на БЏК Купот во Литванија

Женската тениска репрезентација на Македонија го освои четвртото место на БЏК Купот што во рамките од Втората евроафриканска зона во изминатите денови се одржуваше во Вилнус, Литванија.

Последен противник на нашите тенисерки денеска беше Израел, при што победата беше осигурана уште по првите две сингл-пресметки. Стоиловска го отвори овој дуел со триумф од 6-2, 6-4 над Мика Бучник, по што на теренот се најде Лина Ѓорческа. Најдобрата македонска тенисерка одигра импресивно против Карил Алтори, славејќи со максимални 6-0, 6-0 и во двата сета.

Победата над Израел следи откако во текот на вчерашниот ден, во разигрувањето за пласман од 4. до 6.место нашите тенисерки беа подобри и од селекцијата на Грузија.

Се вчитува...