Македонските јуниорски репрезентации во машка и женска конкуренција ќе учествуваат на Европското првенство за јуниори и јуниорки до 14 години, кое во периодот од 20 до 26 јули се одржува во Мост, Чешка.
Ведрана Танеска, Деа Крстевска, Андреј Темов и Василиј Закоски се младите македонски тенисери кои ќе ги бранат боите на Македонија и ќе ги одмерат силите со најдобрите европски врсници во своите конкуренции. Репрезентацијата е предводена од тренерот Дарко Китановски.
Учеството на ова престижно натпреварување претставува значајно искуство за нашите млади тенисери и тенисерки, можност за стекнување меѓународно искуство, натпреварување на највисоко европско ниво и афирмација на македонскиот тенис на меѓународната сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
