Во рамки на почетокот на 6. Сезона на Меѓународниот детски социјален проект “ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО”, под покровителство на компанијата “Газпром” А.Д., како дел од стартот на локалните активности поврзани со овој проект, Агенцијата за односи со јавност “АПРА Портер Новелли Македонија“ заедно со фудбалскиот клуб “Вардар“ ги претставија Младите Амбасадори – учесници во проектот, Максим Цониќ (млад фудбалер) и Ева Јакимовска (млад новинар) пред македонската публика.
Децата амбасадори на проектот го посетија тренинг кампот на фудбалскиот клуб Вардар, во чии рамки тренира Максим, како дел од нивната младинска фудбалска школа. Делегацијата која ќе ја претставува Македонија во рамки на овој проект беше пречекана од директорот на тренинг кампот на ФК Вардар, Кирил Кироски, и дел од фудбалерите од првиот тим на клубот.
На средбата, децата амбасадори ја презентираа програмата на “Фудбал за Пријателство 2018“ на фудбалерите од првиот тим на ФК Вардар, им подарија “Алки на Пријателство“ – главен симбол на проектот и разговараа за деветте суштински вредности на кои овој проект поттикнува. Познатите фудбалери од свое лично искуство ја потврдија важноста на посветеноста, фер-играта и здравјето во кариерата на фудбалерите. Истакнаа дека покрај континуираното вложување во себе и работење на подобрување на своите перформанси, од клучно значење за нив се и мирот, пријателството, еднаквоста и традицијата – вредности кои сите треба да ги следиме и според кои треба да работиме, особено кога станува збор за колективните тимски напори, како што се фудбалот и спортот во целина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА