Македонското девојче испиша историја: Ѓорческа 192. на светската ВТА ранг листа!

Лина Ѓорческа продолжува да пишува нови страници во историјата на македонскиот тенис. Најдобрата македонска тенисерка забележа нов, огромен скок на светската ВТА ранг листа со која се проби во 200. најдобри тенисерки во светот.

Ѓорческа настапи на квалификациите за Австралија Опен, мина две кола, но беше запрена од Швајцарката Фегели пред влез во главната фаза. Одличниот настап на македонската тенисерка и донесе 30 поени со кои сега Ѓорческа е на 192. место во светот во поединечна конкуренција.

Во двојки, Ѓорческа забележа пад од шест места и сега е 135. рангирана.

Скок од десет места забележа и Магдалена Стоилковска која сега е 1239. рангирана во поединечна конкуренција додека во двојки напредна четири позиции за 1167. место.

Се вчитува...